Балон пишии
Состојки
- 4 чаши брашно
- 1 лажица шекер
- 1 лажичка сол
- 10 гр. квасец
- 375 мл. млеко
- за оформување
- според потребата млеко и сусам (може и микс на семиња)
Подготовка
- Млекото загрејте го.
- Растворете го квасецот.
- Измешајте го брашното со солта и шеќерот, додадете во него млекото и квасецот, замесете тесто кое нема да биде многу меко, но не и тврдо. Покријте и оставете да стаса.
- Размесете го тестото и поделете го на делови во големина која ја сакате вие, односно, тука има повеќе предлози:
- или мал дел од кој ќе расукате само една пишија
- или поголем од кој ќе расукате поголема кора и ќе ја исечете на четвртини.
Откако сте ги оформиле топчињата од тесто со рака малку сплеснете го. Горната страна премачкајте или брцнета ја во млеко, а потоа во сусам, со сукало расукајте потенка кора, одлучете дали ќе ги сечете на четвртина или ако е мало нека биде единечно, ставете на страна.. и така се додека сите ги направите. За тоа време првите веќе стасале. Се пржат во подлабоко масло и ви останува да уживате во глетката.
- Интересни беа и тие што ги макав во микс од семиња...