Салата со печено цвекло (посно)
Состојки
- 3 парчиња цвекло
- 3 компири
- 1 кромид
- 3-4 кисели краставички
- За дресинг
- лимонов сок или јаболков оцет
- маслиново масло
- 1 мала лажичка сенф
- бибер и сол
Подготовка
Посна зимска салата...
Подготовка
1. Цвеклото го миеме и го сечкаме на мали парчиња.
2. Го премачкуваме со масло и зачини по вкус, може бибер, оригано, копар и сол.
3. Го печеме во рерна на 200 степени, завиткано во фолија или пак на хартија за печење. Откако ќе се испече цвеклото, го ладиме.
4. Компирите ги вариме па ги лупиме и сечкаме на парчиња по желба.
5. Киселите краставички и кромидот ги сечкаме на ситни парчиња.
6. За дресингот ги соединуваме сите состојки, со тоа што според количеството на салатата сами си одредуваме колку масло и киселина ќе ставиме.
Забелешка
Магдонос додаваме по желба и вкус.
Цвеклото го печев во Air Fryer Апаратот за готвење со топол воздух.