Испечати

Бухтли со сусам и маџун (посно)

Бухтли со сусам и маџун (посно)

Состојки

  • 500 гр брашно
  • 10 гр сув квасец
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажица сол
  • 100 мл масло
  • 320 мл млака вода
  • За премачкување
  • 3-4 лажици маџун
  • 50 мл вода
  • Дополнително
  • 50-100 гр сусам

Подготовка

Интересен спој на вкусови, солено тесто обвиено со сладок вкус на маџун...А потпечениот сусам им дава посебен шмек на овие посни бухтли...

Подготовка
1. Сувите состојки ги ставаме во еден сад.
2. Го додаваме маслото и замесуваме тесто со топла вода. Го оставаме да се дуплира, да стаса.
3. Откако тестото ќе стаса го делиме на 16 топчиња.
4. Тавата во која ќе ги печеме бухтлите ја наросуваме со сусам.
5. Секое топче го потопуваме во раствор од вода и маџун, па го валкаме во сусам.
6. Ги редиме во тавата и ги оставаме да стасаат додека да ни се загрее рерната.
7. Ги печеме на 180-200 степени околу 30 минути.

Забелешка
Времето на печење зависи од рерната, таа како ни пече.