Зеленчукова супа подготвена во Multifresh Вакум блендер и протектор на хранливи состојки
Состојки
- праз парче од 10 см
- пашканат парче од 5-6 см
- 1 морков парче од 15 см
- 2 лукчиња
- 1 кромитче
- рен корен од 3 см
- магдонос неколку листа
- 1 лажица мешан сув зачин без сол
- сол бибер по вкус
Подготовка
Здрава и лесна зеленчукова супа подготвена во Multifresh Вакум блендер и протектор на хранливи состојки .
Подготовка
Зеленчукот го сечкаме на мали парчиња и го ставаме во бокалот во кој ќе ја подготвуваме супата. Ги додаваме зачините и налеваме вода на некои 2см до цртката која на бокалот е ставена како максимум.
Го вклучуваме блендерот на варење и блендираме. За 20 минути супата ни е подготвена за сервирање.
Забелешка
Маслиново масло додавам веќе кога ќе ја сервирам супата во чинии.