Компири прелиени со сос од брокула
Состојки
- Состојки
- 1 кг компири
- 40 гр рендан пармезан
- 250 мл павлака за готвење
- 250 гр брокула
- 2 парчиња интегрален леб
- 3 лажици маслинов зејтин
- 3 чешниња лук
- Потребно е уште сол,маслинов зејтин
Подготовка
Идеајата за овој ручек ја добив од рецепт на Џејми Оливер,само
што наместо компир кај него основата беше карфиол.Ова го пишувам за да ја имате и таа идеја во предвид.
Компирите измиени,излупени и исечени на парчиња ги ставаме да се варат во солена вода.
Додека се варат компирите,го подготвуваме сосот со брокула.Измиената,исечена на парчиња брокула ја ставаме на тава да се запржи со малку зејтин.После некоја минута,ја додаваме и павлаката.Да врие 2 минути и тргаме на страна.Откако малку ќе олади се блендира и сосот со брокула е готов.
Компирите доволно е да вријат 15 минути.Се истура водата,се мијат со ладна вода и се ставаат во плех во кој ќе ги печиме.Ги посолуваме,додаваме малку маслинов зејтин,одозгора ги поросуваме со пармезан и ги полеваме со сосот со брокула.
Двете парчиња леб заедно со исеченото лукче ги блендираме на ситно,додаваме 3 лажици маслинов зејтин и повторно блендираме.Со ова ги поросуваме компирите.Се печет на 200 степени околу 15 минути.