Испечати

Ѓумбир колачиња

Ѓумбир колачиња

Состојки

  • 350 гр брашно
  • 120 гр путер
  • 1 јајце
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 1/2 лажичка ѓумбир
  • 1/2 лажичка цимет
  • 1 прстофат сол
  • 70 гр кафеав шеќер
  • 100 гр мед
  • Декорација/ајсинг
  • 1 белка,200 гр шеќер во прав и 2 лажици сок од лимон

Подготовка

Варијација на познатите џинџербред кукис или ѓумбир колачиња.
Од сите состојки се замесува мазно тесто.
Се остава во ладилник околу еден час.
Се сучи кора дебела околу 7-8 мм и со модли се вадат форми.
Јас некои ги направив со стаклен дел (со тврди бомбони)
Декорирава со ројал ајсинг.
На здравје!