Салата со цвекло, коморач, цитрус и рикота
Состојки
- 5 помали глави цвекло
- 1 глава коморач
- 1 портокал
- 80 гр. рикота
- 1 лажица маслиново масло
- на вкус сол и бибер
- За сосот
- сокот од по 1/2 портокал и лимон
- 1 лажица балсамичен крем
- 1/2 лажица маслиново масло
- на вкус сол и бибер
Подготовка
- Сварете или испечете го цвеклото. Кога е готово исечете го во форма и големина која ке ја сакате вие. Јас сечев на коцки.
- Коморачот со нож или ренде исечете го на тенки ленти.
- Исечете го портокалот на филети
- Во сад измешајте ги коморачот и филетите од портокалот
- Измешајте ги рикотата со маслото, солта и биберот.
- Во друг сад измешајте ги сокот од портокалот, лимонот и балсамичникот крем, маслиновот масло, солта и биберот.
- На садот на кој ке ја поставите салатата ставете прво од измешаните коморач и портокал, врз нив ставете од исеченото цвекло, залијте со веке спреманиот сос. Сп лажица одозгора ставете од рикотата. Оставете во фрижидер да одстои некое време како би се споиле вкусовите.
Напомена
- Овде солидно се сложува босилекот - доколку го обожавате без размислување додадете го кај коморачот и портокалот - измешајте.
- Можете да ги измешате сите состојки со сосот пред да ја ставите рикотата - но јас тоа го избегнувам поради обојувањето на коморачот од кремот и самото цвекло. Како и да ја спремате - секако е вкусна, а ценам и здрава салата.