Испечати

Маскарпоне и кафе роденденска торта (без печење)

Маскарпоне и кафе роденденска торта (без печење)

Состојки

  • 400 гр пишкоти
  • 100 мл млеко
  • 1 капаче од шишенцето рум
  • 1 лажица инстант кафе
  • 1 лажица какао
  • 500 мл слатка павлака
  • 500 мл маскарпоне
  • 200 гр бело чоколадо
  • 100 гр шеќер во прав
  • 1 лажица инстант кафе
  • 2 кесички желатин
  • 2 кесички ванилин шеќер

Подготовка

Оваа торта ја правев како изненадување за невестата од син ми. Ја подготвував додека таа беше на работа. Така сфатив дека подобра е ако се подготви ден два порано, бидејќи следниот и денот потоа беше многу повкусна и постегната.

Ја правев во округол калап кој се отвора, бр 26.

Лажицата инстант кафе се раствора во 100 мл врела вода. Се додава млекото и румот. Пишкотите се брцнуваат на кратко и со нив се обложува дното и работ од калапот.

Го подготвуваме филот. Лажицата инстант кафе ја раствораме во три лажици врела вода. Го додаваме во маскарпонето, го истураме и шеќерот во прав, па матиме со миксер додека да стане мазна смеса.
Белото чоколадо го топиме, па подизладено го додаваме во маскарпонето. Желатинот стандардно го раствораме со малку ладна вода на набобри, па го топиме на оган до пред зовривање.

Ја матиме слатката павлака и ја соединуваме со кремот. Со матење со миксреот на најбрзо, во тенок млаз го додаваме желатинот.

Половина од кремот истураме во калапот. Пишкотите кои ни останаа ги брцкаме во млекото како и претходните и ги редиме врз кремот со втиснување малку во него. Поросуваме со една лажица какао па го додаваме кремот кој преостана. Декорираме по желба. Јас искористив малку од слатката павлака и изрендав еден ред млечно чоколадо.

Се остава на ладно убаво да се здрви. Калапот се отвора и дополнително се декорира со украсна лента.

п.с. Рецептов го најдов на еден странски сајт за рецепти, малку импровизирав и направив измени според тоа што успеав да го најдам во маркет.