Испечати

Кравјо сирење со 9% алкохолен оцет

Кравјо сирење со 9% алкохолен оцет

Состојки

  • 5л. домашно кравјо млеко
  • 200 мл. 9% алкохолен оцет
  • по потреба крупна сол

Подготовка

Уште едно од моите сирења....)))
Подготовката е побрза и полесна од класичното.

Млекото се загрева на средно силен оган до пред вриење, 95-98 степени.
Се трга од оган, се додава оцетот и се остава 5 мин. да одмори, т.е. да се направи реакција, при што ќе се создади сирен грушок и ќе се оддели сурутка со зелекаста боја.
Се цеди преку повеќе слојна газа, или тетра пелена.
Се завиткува убаво, при што треба убаво да е стегнат сирот и се оптеретува со товар.Треба да биде убаво оптеретено, со тежина од околу 2-3 кг..
Така стои некои 10 часа или преку ноќ, на ладно место.
Другиот ден се сечи, соли и се реди во канте.Се налива со сурутка.
На дното од кантето се става сол,па калапите убаво облепени со сол.
Се реди до горе, цвик убаво да го покрива сирењето, се става нешто најгоре што ќе го држи сирењето под солило.
Можи одма да се јади, а најдобро е барем 21 ден да преврива во просторија со т. од 15-18 степени.
На здравје!
И како забелешка-доколку сакате одма да се консумира сирењето, во млекото се додава сол ситна по една супена лажица, рамно полна, да не пресолиме или по вкус, на литар млеко.Солта се додава во млекото кога ќе биде пред зовривање, се додава, се трга од оган, се меша за да се растопи, повторно се враќа на оган.Се чека повторно да дојде пред зовривање, па се додава оцетот-белата киселина.