Колачи смокви (посни)
Состојки
- Тесто
- 100 гр маргарин
- 60 гр шеќер во прав
- 1 лажица (со врв) нишесте
- 60 мл масло
- 250 гр брашно
- 2 пакетчиња ванилин шеќер
- Полнење
- 100 гр суви смокви
- 50 гр сецкани ореви
- 1 лажица мед
Подготовка
Сувите смокви попарете ги го врела вода, нека постојат отприлика еден час и заедно со медот и оревите кратко изблендирајте ги.
За тестото, измешајте ги сите состојки и кратко измесете ги, да се спојат. Поделете го тестото отприлика на 20 парчиња, може и повеќе во зависност од тоа колкави сакате да ви бидат колачињата. Нека одморат половина час.
Земете парче најлонска фолија, ставете го парчето тесто, расплескајте го со рака, ставете мало лажиче фил и со помош на фолијата затворете го и завијте го, на некој начин да се добие форма на смоква.
Печете на 180 степени 15-20 минути, да добие боја по краевите. Одозгора наросете ги со шеќер во прав.