Испечати

Печени лути пиперчиња со лук

Печени лути пиперчиња со лук

Состојки

  • 100 гр печени лути пипечиња
  • 1 чешне лук
  • 100 мл киселина
  • 100 мл масло
  • 1 кафена лажичка сол

Подготовка

За љубителите на луто ова е совршен додаток за ручекот.Јас искрено не сум воопшто љубител на луто, ама кај моите овие пиперчиња редовно ги има за ручек на трпезата.
Нивната подготовка е многу лесна, ама траат неколку дена.
Најпрво малку ги потпекуваме пиперчињата, или ние по охридски велиме ги пљускаме хехе, потоа ги ставаме во чинија подлабока, го додаваме исецканиот лук, маслото, киселината, солта, е сега ова колку ќе ставите зависи и од вкусот. Може да си ставите сецкан магдонос ако сакате.
Инаку најдобро е да се чуваат во сад со капак и колку повеќе стојат толку им се губи лутината.
Може да стојат во фридижер неколку дена.