Испечати

Бушава Ката (Чупава Ката)

Бушава Ката (Чупава Ката)

Состојки

  • За тесто
  • 3 жолчки
  • 4 лажици шеќер
  • прстофат сол
  • 2 ванили
  • 125 гр. маргарин
  • 300 гр. просеано бело брашно
  • 1 пециво
  • од 1 лимон-рендана кора
  • За фил
  • 3 белки
  • 150 гр. шеќер
  • 3 лажици мармалад
  • 125 гр. сецкани лешничиња

Подготовка

Колач од детство....)))

Од наведените состојки се замесува глатко тесто.По потреба се додава 3 лажици ладна вода.Јас додадов.Се одделува 1/3 од тестото, се завиткува во најлонска фолија и се става во длабокото.
А, другиот дел од тестото,завиткано, во фрижидер за одржување.
Се подготвува филот.
Се матат белките со шеќерот,па се додава мармаладот и лешничињата.
Од поголемиот дел на тесто се отвора кора и се става во калап-тепсија бр.30.
Врз него филот, па се ренда замрзнатиот дел.
Се печи во загреана рерна на 200 додека порумени, околу 20 мин.е кај мене.
Топло се посипува со шеќер во прав, а ладно се сечи.
На здравје!