Кикиритки со цела лушпа печени во Air Fryer
Состојки
- околу 500гр кикирики со лушпа
- 1лажица сол
- вода, за да се измијаат
Подготовка
Лесно, брзо, вкусно....
Апаратов за готвење со топол воздух и денес одлично си ја заврши работата.
Прво кикиритките ги миеме под млаз вода за да им се одстрани земјата.
Потоа, така влажни ги посолуваме со сол.
Промешуваме.
Ги ставаме во садот на апаратот и уклучуваме да се печат на 200 с , околу 30 минути.
Одприлика на секои 7-8 минути, на секунда го вадиме садот, протресуваме и продолжуваме со печење.
Негде после 25 минути од печењето проверуваме до каде се испечени.
Кршиме една мешунка и ја гледаме бојата, некои сакаат попечени, некои не.
Мене ми беа доволни 30 минути.
Оставаме да се изладат, па ги послужуваме.