Киноа салата со авокадо
Состојки
- 1 мала марула
- 5 лажици киноа
- 1 авокадо ( ако е мало употребете 2 )
- 1 лимон ( сокот )
- 1/2 лажиче црн бибер
- 50мл маслиново масло
Подготовка
Киноата ја миеме и потопуваме во вода.
Посолуваме и ја вариме.Ја цедиме кога е готова.
Марулата ја миеме убаво и ја оставаме на кујнска хартија да се исцеди.
Ја сецкаме на појадри парчиња.
Авокадото го сечеме на половинка.
Му ја отстрануваме семката, а потоа со лажица го вадиме полнежот одделувајќи го од лушпата.
Го сецкаме на појадри коцки.
Сите овие претходно подготвени состојки,ги помешуваме заедно,па ги зачинуваме со сол и црн бибер.
Додаваме сок од свежо цеден лимон.
Благо промешуваме да не се раскашка авокадото.
Служете го како салата или како пред јадење.
Нека ви е слатко.
Забелешка
Во оваа салата можете да додадете и варено јајце. Одлично би се вклопило.