Испечати

Колач со кајсии (или праски)

Колач со кајсии (или праски)

Состојки

  • 1 лименка кајсии од компот
  • 4 јајца
  • 125мл млеко
  • 1 маргарин
  • 250гр брашно
  • 1паковка ванила
  • 1паковка пециво
  • 200 гр шеќер

Подготовка

Колач со кајсии или праски,вкусен колач кој се топи во уста. Сочен, а не многу благ.
Рецептот го добив од мојата ќерка,прв пат таа го подготви.
Во сад ги измати јајцата со шеќерот.
Го додадовме млекото и растопениот маргарин, а потоа брашното, пецивото и ванилата.
Тавата ја премачкавме со маргарин и попрскавме малку брашно.
Смесата ја префрливме во тавата и ја распоредивме рамномерно.
На површината ги наредивме кајсиите кои претходно ги исцедивме од сокот во кои стоеа.
Кога е наредена ја ставаме да се пече на 180 степени.
Откако е испечено,оставаме да се излади,а потоа ги сечеме коцките на иста големина.
На површината наросете шеќер во прав и служете.
Нека ви е на здравје.

Забелешка

Овој колач може да се подготви и со друго овошје. Но ако користите пример вишни,прво измешајте ги во брашно, па ставете ги,да не пропаѓаат во тестото.