Турска сарма со лозов лист (без пржење на месото)
Состојки
- 1 тегла лозови листови
- 400 гр мелено телешко месо
- 150гр ориз
- 1 кромид
- 1чешне лук
- 1/2 лажиче ќофте бахарати зачин
- 1 лажиче буковец
- 100 гр путер
Подготовка
Можеби некој од вас веќе и вака ја приготвува,можеби некој и поинаку, сепак решив дека е добро да го споделам начинот на кој мојата пријателка ја приготвува сармата со лозов лист.
Ја применив и во мојот дом,за мала промена во секојдневните ручеци.
Листовите од лозов лист јас ги купувам во тегли,па затоа ја цедам течноста и еднаш ги плакнам.
Мајка ми ги има свежо берени,па замрзнати,и таа веднаш ги витка сармите,не и треба плакнење на листот.
Составот за внатрешноста на сармите е приближно ист како што и обично спремаме,но разликата е во тоа што јас го запржувам меленото месо пред да ги филувам сармичките.
Е пријателката моја не го пржи,го става живо.Само го замесува претходно.
Ајде да одиме по ред.
Јас да си ја скратам процедурата не сецкам на рака едно по едно,туку си ставам се во сецкото и добивам убава мешавина, готова спремна за месење.
Лукот,кромидот,магдонос,се помешувам во сецкото.
Смесата ја префрлам во меленото месо.
Сега зачинувам со мешан сув зачин, сол,црн бибер, па додавам малку еден зачин (кофте бахарати )
Ќе ставам слика од зачинот, да имате престава за што зборувам.
Го измесуваме убаво месото,па ставаме малку буковец.Промешуваме и оставаме да отстои половина час во фрижидер.
Готовите ливчиња од лоза ги земаме и ги полниме со свежата смеса од мелено месо.
Најпрво за полесно да мие си правам како кебапчиња со големина колку што би ја собрал листот.
Така ги виткам сите сармички.Ги редам во тавче каде ќе ја печам сармата.
Откако сите сармички ги наредив врз нив ставам по неколку лажички путер,паполеав со топла вода, да ја покрие убаво сармата.
Ставив во загреана рерна и покрив со фолија.Оставив да покрчка на тивко.
После 30минутки,ја извадив фолијата и оставив малку да ги фати и на површината да се потпечат.
Беше многу слатко.Служев со кисело млеко.
Ако ви се допадна,спремете си и вие,пакажете ми какови се допадна.
Забелешка
Не знам точноколку листови да ви пишам зашто некогаш се помали,некогаш поголеми.
Ја користам една тегла,па не ја трошам цела.
Секогаш ми останува поедно купче листови.