Бисквитна торта со ореви (без печење)
Состојки
- 600 гр чоколадни бисквити
- 250 мл млеко
- 6 лажици шеќер
- 300 гр ореви
- 2 пакетчиња ванилин шеќер
- 2 лажици рум арома
- 200 гр путер
- 200 мл млеко (за потопување на бисквитите)
Подготовка
Брзо, едноставно, а преубав вкус.
Ставете го млекото заедно со шеќерот да зоврие.
Оревите сомелете ги и додајте ги во млекото што врие. Поварете ги минута-две.
Тргнете ги од огнот и додајте ја ванилата и аромата од румот. Кога ќе оладат, избијте го путерот и измешајте го со сварените ореви.
Редете ред бисквити кратко потопени во млеко, ред фил. Јас ставив 5 реда бисквити по 25 во ред.
Одозгора украсете по желба.