Полнето лиснато тесто со мелено месо
Состојки
- За сосот
- 2 мали патлиџани
- 4-5 суви цвени пиперки
- За топчињата од месо
- 500 гр мешано мелено месо
- 1 главица црвен кромид
- 1 чешне лук
- 2 лажици лебни трошки ( презла )
- 1 јајце
- 1лажица мепан сув зачин
- 1гранче ситно сецкан магдонос
- За полнење
- 2 паковки лиснати корпици ( 12 парчиња )
Подготовка
Подготовка
Во длабок сад го ставаме меленото месо.
Додаваме едно јајце и 2 лажици лебни трошки.
Наросуваме сол и црн бибер.
Јас ставив и една лажица мешан сув зачин.
Магдоносот го мијам и ситно го сецкам, го додавам во меленото месо.
Кромидот и лукот ги ставам во сецкото па ги сецкам на ситно.
Ги додавам во садот.
Замесувам убаво да се соединат сите состојки рамномерно.
Кога е соединето, правам топчиња со големина на еден орев, ги сплескувам и ги пржам колку да заруменат.
Во друг сад правам малку сос од суви црвени пиперки и свежи мелени патлиџани.
Патлиџаните ги мелеме во блендероти ги ставаме да се запржатво истото масло каде ги пржевме топчињата.
По кратко пржење ги додаваме пиперките исто така сомелени.
Нека покрчка кратко,па кога ќе биде малку згустено наполнете ги со по една лажица лиснатите корпички.
Додадете во секоја корпа по едно пржено топче мелено месо,а потоа прелејте го повторно со по една лажица од сосот.
Ставете врз нив пармезан па затворете го со капачето од лиснатото тесто.
Тавата подмачкајте ја со малку путер, па ставете ги затворените лиснати корпи.
Оставете нека се попечат на 150 степени,се додека не поруменат.
Служете ги топлички.
Нека ви е на здравје