Испечати

Ќофте со компир

Ќофте со компир

Состојки

  • 600 гр. компир
  • 250 гр. мелено месо
  • 2 чешниња лук
  • 1 јајце
  • на вкус сув зеленчук,сол, бибер и ситно сецкан магдонос
  • од околу 30-50 гр. лебни трошки
  • Додаток
  • 1 кромид
  • 200 гр. свеж шампињон
  • на вкус сол, бибер
  • За прелевање
  • 200 мл. павлакта за готвење
  • 60 гр. пармезан или рендан кашкавал
  • 2 жолчки
  • За посипување
  • 40 гр. пармезан или кашкавал

Подготовка

- Во меленото месо додадете ги жолчките, овкусте според ваш вкус, додадете лебни трошки. Не ставајте ги сите одеднаш ставате додека добиета смеса податна да оформите ќофте, затоа што секое месо има различна сочност. Измесете го убаво и ставете на страна.
- Излупете го компирот, исецкајте на коцки, ставете во посолена вода да се вари, но не до крај.
- Додека се вари компирот оформете ги ќофтињата во големина која ја сакате вие и ставете во тавка на малку масло да се пржат.
- Излупете кромидот и ставете да се пржи во истата тавка во која ги пржевте кофтињата. Додадете ги печурките, допржете, овкусете. Тргнете од огнот и додадете во неа исцедениот компир, внимателно измешајте - истурете во лесно подмачкано тавче.
- Во сад ставете ја павлаката, додадете ги жолчките и пармезанот или кашкавалот, малку сосема додадете сол - измешајте. Посипете со останатиот пармезан, ставете да се подпече во претходно загреана рерна на 170 степени околу 20 мин. односно додека се стопи пармезанот или кашкавалот.

Напомена - Внимавајте околу осолувањето бидејки се додава пармезан кој и не е толку солен, но ако користите кашкавал тогаш внимавајте.