Испечати

Тава од дивеч со бешамел

Тава од дивеч со бешамел

Состојки

  • 2 кгр месо од дивеч
  • 3 лажици свинска маст
  • 3 главици кромид (кокар)
  • 1 чаша сечкан модар домат на коцки
  • 1 чаша сечкана бамја
  • 300-400 гр чадена сланина
  • 1 тегла печурки, шампињони цели и две кисели кратсавички
  • 200 гр кашкавал
  • 1 лажица брашно
  • 50 гр путер
  • 500 мл млеко
  • 1 чаша киселина винска
  • 5-6 парчиња ловоров лист
  • 1пакетче црн бибер во зрно
  • 2 поголеми главици кромид
  • сол, зачин, бибер, оригано по вкус
  • 2 моркови
  • 500 гр компири
  • 1 филџан бело вино

Подготовка

За дивечот најважно е да е измариниран. Месото иссечкано на коцки од вечер се става во вода, помешана со оцетот, се додава кромидот исцекан на покрупно, ловоровиот лист и црниот бибер.

Следниот ден, месото се вади од маринадата, се исцедува од течноста и се става на оган во едно тенџере да почне да се готви. Ќе пушти многу вода и пена, кои пожелно е да се истурат.
Кога ќе испари течноста, а месото ќе почне да се лепи на дното, се додава свинската маст и убаво се запржува месото да порумени. Се додава кромидот (кокар) сечкан на ситно и убаво и со него се пржи. Со кромидот се додава и чадената сланина сечкана на коцки. Кога и таа ќе се запржи, едно по едно се додаваат бамјата, модриот домат, ренданиот морков. Кога сите овие состојки ќе се соединат додаваме киселата краставичка сечкана на ситни коцки и на крај печурките.

Потоа додаваме пополека врела вода, зачинуваме со сол, зачин, мелен бибер и едно мало лажиче оригано.

Смесата ја претураме во земјена тава. додаваме бело вино. Тавата ја завиткуваме со фолија, а врз фолијата го ставаме и земјениот капак.

Тавата ја ставаме во рерна на околу 200 степени подолго од два часа. Кога месото ќе биде сварено за да се кине само со допир од вилушката, во тавата ги додаваме компирите. Промешуваме, додаваме врела вода и зачин ако е потребно и ја враќаме тавата повторно назад со фолијата и капакот.

Кога и компирот ќе биде сварен, ги отстрануваме капакот и фолијата и тавата останува отсриена да се пече.

Во тенџерче го пржиме путерот и брашното, пополека го додаваме млекото и бешамел сосот го истураме во тавата. Со лажица нежно му помагаме да се разлее низ целата смеса, протресуваме и ја враќаме тавата десетина минути. На крај го рендаме кашкавалот, ја засилуваме рерната на максимум, и оставаме десетина минути да се потпече и стопениот кашкавал.