Испечати

Крем супа од брокула

Крем супа од брокула

Состојки

  • Состојки
  • 400 гр брокула(1 китка)
  • 150 гр морков
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • Потребно е уште зачин од сушен зеленчук,маслинов зејтин,црн пипер

Подготовка

Едноставна,здрава и вкусна крем супа.Прво китката брокула ја миеме ,ја кршиме на помали парчиња и ја ставаме во сад со вода во кој сме додале 2 лажици алкохолен оцет.Така да одстои околу 15 минути.Ова е за да се измие подобро брокулата.
На маслинов зејтин ги запржуваме морковот,кромидот и лукчето.Може да ги исечете и на покрупно.Кога ќе се запржат,се додава 1,5 литри врела вода.Се додава зачин од сушен зеленчук и се остава да врие 15 минути.Потоа се додава и измиената брокула.Да напоменам дека ја додадов и дршката од китката,измиена,излупена и исечена на парчиња.Зеленчукот го оставаме да поврие уште 7-8 минути.Потоа ја цедиме течноста од зеленчукот.Зеленчукот го блендираме и го додаваме на течноста.Додаваме црн пипер и го враќаме на оган.Киселата павлака разматена со 3 лажици од супата ги додаваме во крем супата.Тргаме од оган и веднаш може да се служи.
На здравје.