Испечати

Лешник торта со нутела

Лешник торта со нутела

Состојки

  • тесто
  • 6 белки
  • 6лажици шеќер
  • 6лажици мелени, тостирани лешници
  • 2лажици брашно
  • фил
  • 6 жолчки
  • 5лажици шеќер
  • 100гр нутела
  • 100гр црно чоколадо
  • 100гр путер
  • 80мл слатка павлака
  • За обложување и декорација
  • 120мл слатка павлака
  • 80гр црно чоколадо
  • , тостирани лешници

Подготовка

Вкусна тортичка со вкус на лешник и нутела е мојот денешен предлог.
Земаме два сада и ги делиме белките од жолчките.
Белките ги матиме во густ шам и постепено додаваме шеќер.
Со исклучен миксер се додават мелените лешници и брашното.
Убаво со шпатула ја соединуваме цела смеса и ја нанесуваме во правоаголен плех кој е обложен со хартија за печење.
Печиме во загреана рерна на 180 с околу 20 минути.
Испечената кора ја оставаме да се излади, па ја сечиме на 3 ленти.
За филот во касерола ги ставаме жолчките и шеќерот.
Матиме над пареа со миксер додека не добиеме мазна, сјајна, светла крема.
Тука ги доаваме чоколадото, нутелата и путерот.
Готвиме уште 1-2 минути, односно додека состојките не се изедначат.
На страна само кратко ја матиме слатката павлака, нека биде не многу густа и ја соединуваме со претходно подготвен и подизладен крем
Филуваме кора, фил, кора фил..
На страна ја загреваме слатката павлака, додаваме искршено чоколадо и изедначуваме.
Малку ја матиме смесата и ја прекриваме цела торта.
Во средината ставаме грубо мелени лешници.
Пожелно е да одстои тортата неколу часа во фрижидер, но јас немав време и ја сечев веднаш.