Брзи макарони со мелено месо
Состојки
- 400 гр мелено месо
- 400 гр макарони
- 300 мл кисела павлака
- 300 мл пилешка супа
- 100 гр кашкавал
- 3 јајца
- Од зачини сол,црн пипер
Подготовка
Едноставен ручек кој брзо се приготвува.Во исто време ставаме солена вода да зоврие за да ги свариме макароните и тавче со зејтин и меленото месо.Значи го запржуваме меленото месо,го посолуваме и побиберуваме и го ставаме на страна да се олади.Макароните ги сипуваме во зовриената вода и да вријат кратко,околу 4 минути.Ја истураме водата,ги миеме со ладна вода и ги исцедуваме од водата.
Во еден сад ги кршиме јајцата,додаваме кисела павлака и матиме со маталка или вилушка.Потоа ја додаваме пилешката супа(пилешки бујон).Се заедно мешаме и го додаваме и меленото месо.На крај ги ставаме и макароните,се заедно мешаме и ги префрламе во тава во која ќе ги печиме.Одозгора рендаме кашкавал.Макароните ги печиме на 200 степени околу 20 минути за порумат и да испари течноста.Ги вадиме од рерна и ако имате стрпление оставете ги малку да оладат за полесно да се сечат.
Да напоменам дека јас употребив пилешка супа бидејки тој ден спремав пилешка супа.Пилешкото месо го варев со зеленчук и употребив од тој бујон.Инаку може да употребите и супа од коцка,но тогаш намалете од солта во меленото месо.