Торта со пишкоти, лешници и ореви
Состојки
- За пандишпан
- 6 јајца
- 4 лажици шеќер
- 3 лажици ситни овесни снегулки со чоколадо
- 4 лажици брашно
- 1/2 пециво
- За фил
- 200 гр мелени пишкоти
- 50 гр мелени лешници
- 50 гр мелени ореви
- 250 мл млеко
- 2 лажици капучино
- 150 гр путер
- 100 гр шеќер во прав
- 50 гр рендано чоколадо
- За глазура
- 70 гр црно чоколадо
- 3 лажици масло
- 3 лажици вода
Подготовка
Подготовка
Во длабок сад изматете ги со миксер јајцата со шеќерот, па додадете ги овесните снегулки со чоколадо, брашното и пецивото. Продолжете уште неколку минути со матење, додека да добиете еднолична смеса.
Смесата ставете ја во правоаголна тава, обложена со хартија за печење. Печите на 180 степени околу 12 минути.
Пандишпанот поделете го на два дела
Фил
Во длабок сад ставете ги мелените пишкоти, мелените лешници и ореви. овде додадете топло млеко измешано со капучино. Промешајте.
Во друг сад, изматете го со миксер путерот со шеќерот во прав и додадете го во другиот сад кај смесата со бисквити. Изматете кратко со миксер
Филувајте ја тортата
Пандишпан-фил-рендано чоколадо-пандишпан-фил.
Чоколадото растопете го со маслото и водата и декорирајте ја тортата
На здравје