Чоколадна сочна фантазија
Состојки
- Пандишпан
- 3 чаши јогурт
- 3 чаши брашно
- 1 чаша масло
- 1 неполна чаша шеќер
- 2 лажици какао
- 1 к=лажица сода бикарбона
- 1/2 лажичка зачин за медењаци
- Прелив
- 1 чаша млеко
- 100 г темно чоколадо за готвење
- 2 лажици шеќер
- 1 лажица какао
- Глазура
- 100 г темно чоколадо за готвење
- 1 непона чаша млеко
- 1 полна лажица нишесте
Подготовка
Чоколадна сочна фантазија
Колач кој до сега претрпел повеќе измени од моја страна, превкусен, лесен, брз, ќе ве чини околу 150 денари, а ќе ви излезат 16 парчиња во Делимано ростер тавата. Колачов е доказ дека не е потребно да потрошиш ни многу време ни многу ресурси за да направиш нешто превкусно. Големина на чаша 180 мл (или користете чаша од 200 мл и не ја полнете до горе).
Подготовка
Пандишпан
Се мати се заедно со миксер и се истура во поголема тава 30 на 40 цм. Користев Делимано ростер XXL. Се пече на 200 степени околу 20 минути. После печење се остава сосема да се излади, па се подготвува преливот. Отако ќе се излади, избодете го со чепкалка за заби за да се впие убаво преливот рамномерно.
Прелив
Се става да се свари и да повари околу 5 минути. Се прелева целиот колач со преливот. Веднаш ќе се впие.
Потоа се подготвува глазурата.
Се става заедно да се загрее до растопување на чоколадото. Мешајте константно додека не почне да се згуснува од нишестето. Ако ви се направат грутки, изматете со миксерот и веднаш прелејте го колачот со глазурата.
По желба може да се нанесе и шлаг одозгора.
На здравје.