Солен царски дробеник
Состојки
- 2-3 јајца
- сол, бибер, оригано
- 50мл млеко
- 3-4 ленти сланина
- 1 пиперка
- 1 домат
- 4 кришки леб
- масло магдонос
- , бело сирење
Подготовка
Еве предлог за брза и вкусна вечера, од она што имаме во фрижидер.
Во тава ставаме малку масло, додаваме сецкана пиперка и сецкана сланина.
Запржуваме кратко.
Додаваме сецкан црвен домат, јас користев од моите шери домати, ароматизирани во масло, рецепт има тука..https://moirecepti.mk/post/%d1%88%d0%b5%d1%80%d0%b8-%d0%b4%d0%be%d0%bc%d0%b0%d1%82%d0%b8-%d0%b2%d0%be-%d0%bc%d0%b0%d1%81%d0%bb%d0%be-%d0%b8-%d0%b0%d1%80%d0%be%d0%bc%d0%b0%d1%82%d0%b8%d1%87%d0%bd%d0%b8-%d0%b7%d0%b0%d1%87%d0%b8
Парчињата леб ги сечиме на мали коцки.
Во еден сад ги соединуваме млекото, јајцата, сол, бибер, оригано.
Промешуваме со вилушка.
Тука ги додаваме коцките леб и промешуваме за да се опфатат сите со смесата.
Вака подготвени ги ставаме во тавата и пржиме на умерен оган неколку минути.
Посипуваме со магдонос.
Сервираме во сад и одозгора нараосуваме бело сирење.
Консумираме топла вечера.