Испечати

Куглоф пита со мелено месо и кори

Куглоф пита со мелено месо и кори

Состојки

  • 1 пакетче готови кори
  • 0,5 кг мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 2 јајца
  • 200 мл јогурт
  • 200 гр кисела павлака
  • 2 лажици гриз
  • 1/3 пакетче прашок за печење
  • сол, бибер, оригано, масло

Подготовка

Меленото месо се запржува на масло заедно со кратко претходно исечканиот и запржен кромид.
Кога ќе испари течноста, се додаваат зачините и се тргна на страна.

Во посебен сад се разбиваат јајцата и во нив се додаваат јогуртот и павлаката, па гризот и пецивото и се посолува. Се убаво измешано се остава и тоа на страна.

Калап за куглоф обложете со пек хартија или ако е силиконски или некој кој сметате дека лесно ќе излези куглофот од калапот само намрсете го добро.

Потоа ставете кори по една на двете половини да висат од калапот. Многу тенко со четче премачкајте ги со премазот.

Корите ако се танки многу одат по две, а ако се подебелки по една.
Постилате, и секоја ја премачкувате тенко со премазот. На почетокот се става од меленото месо (не прегусто за да стигни филот) и виткате колку можите тенок ролат.
Ролатот се става врз постелените кори во калапот. Битно е да се потрудите да има по две роловани кори во ширина. После секоја ставена ролована кора, одозгора тенко се премачкува со премазот.
Така се реди додека се исполни со материјалот и на крај и се покрива со корите кои виселе од калапот. Секако, се се премачкува со премазот, а на крај, она што ќе остани од него се дотура одозгора.

Куглоф питата ја печиме во загреана рерна на 200С 40 минути. Во тек на печењето откако ќе отемни одозгора покријте ја да не изгори.

Послужете ја за доручек топла со чаша јогурт. Кај нас сепак ова беше вечера хаха