Испечати

Мазник од тегнета кора за почетници

Мазник од тегнета кора за почетници

Состојки

  • 300 г брашно
  • 170 мл топла вода
  • 1 лажица масло
  • 1/2 лажиче сол
  • За попрскување
  • 50 мл масло
  • 50 г растопен путер или ма
  • Зајре
  • 250 г дробено сирење

Подготовка

Овој мазник си го смислив самата за да си го поедноставам животот. Со овој рецепт, секој може да се проба и да разбери дека за да направиш мазник, навистина не е тешко и буквално секој можи.
Постапката е едноставна и брза. Јас употребив двојна количина од напишаната, оформив едно тесто кое го поделив на 2 дела, од едниот дел исукав мазник, а од другиот мантии за кои ќе следува рецепт наскоро.

Поготовка
Замесете тесто со брашното, водата и солта. Ако ви е многу лепливо, додадете сосема малку брашно и обратно, ако е тврдо, додадете малку вода иако сметам дека нема да има потреба ни за едното ни за другото. Јас го оставам да ми е сосема малку лепливо на крајот и ставам на дланката 1 лажица масло, го премачкувам тестото и го домесувам уште малку. Лепливоста исчезнува, а тестото останува меко. Секогаш за месените јадења, тестото треба да биде меко, но нелепливо. Ако се лепи, нема да можете да го работите.

На набрашнета површина, ставете го тестото и оформете топка. Веднаш раширете ја топката со помош на сукало во кора со дебелина од 5-6 мм (големина колку пица).

Одозгора премачкајте ја кората убаво со масло и покријте ја со најлонска фолија. Оставете да постои 30тина минути за да се впие маслото во тестото за потоа да можи да ја тегните кората.

Потоа, земете еден памучен чаршав и постелете го на масата. Земете ја кората со рацете и внимателно префрлете ја на чаршавот. Почнете да ја тегните со прстите од средината кон краевите. Ќе видите дека тестото станало еластично и лесно се тегни. Тегнењето претворете го во игра и ширете го во круг од сите страни. Обично кога ќе почни да станува прозрачно, тоа е максимумот на тегнењето на тестото. Треба да добиете тенка кора со големина над 1 метар квадратен, а сте започнале со круг со дијаметар од 20 цм.

Попрскајте ја целата кора прво со мешавината од масло и растопен путер, па потоа со зајрето кое ќе го користите. Јас ставив околу 250 г дробено сирење.
Потоа, од едната страна подигнете го чаршавот и почнете да ја замотувате кората негде до средината. Потоа подигнете ја другата страна на чаршавот и повторете ја постапката. Ќе добиете 2 ролни. Пресечете ја кората на средина. Ако ви е полесно, и ролните пресечете ги за да добиете 4 парчиња.
Потоа, земете една ролна и почнувајќи од средината, намотајте ја спирално во тавчето почнувајќи од средината. Другата ролна наставете ја каде што заврши претходната. Премачкајте одозгора со миксот од масло и путер и ставете да се печи на 200 стапени околу половина час или додека не порумени.

Користев делимано 24 цм коперлукс тава.

После печење, попрскајте го со вода и покријте го на кратко со кујска крпа.
На здравје!