Лахмаџун со мисиркино месо
Состојки
- 400гр Брашно
- 10гр Сув квасец
- По потреба Топла вода
- 2 лажици Масло
- 1лажичка Сол
- 1лажичка Шеќер
- 500гр Мелено мисиркино месо
- 200гр Доматно пире
- 1 Кромид
- 1 чешне лук
- 2 Пиперки
- По желба бибер,сол буковец
Подготовка
Најпрво се замесува тестото и се остава да надојде.
Потоа се приготвува филот во блендер се ставаат кромидот лукот и пиперките, убаво се блендираат. Потоа се се додава во месото блендираниот зеленчук, доматното пире и зачините. Откако ќе стаса тестото се прават топчиња и се сукаат во тенки кори. Големината на корите зависи од тавчето со капак во кој ќе се печат првин на рингла, а потоа се ставаат во рерна загреана на 220 степени да се допечат. Се става врз кората фил со лажица се става во тавче со капак на умерена температура да се запече отприлика 3минути и потоа се става во рерна да се допече. Испечените лахмаџуни се редат една врз друга на тањир како палачинки за малку да се оладат.