Испечати

Лазањи со пелати и павлака

Лазањи со пелати и павлака

Состојки

  • 500 гр кори за лазањи
  • За сос од мелено месо
  • 500 гр мелено месо
  • 400 гр домати пелати
  • 1 кромид
  • 2 лукчиња
  • 1 лажичка буковец
  • сол по вкус
  • 1/4 лажичка бибер
  • 1/2 лажичка босилок
  • прстофат морско оревче
  • Дополнително
  • 500 мл млечна павлака за готвење
  • 200 гр кашкавал или моцарела
  • 100 гр пармезан

Подготовка

Лазањата ни е омилено јадење, кое го подготвувам барем еднаш неделно. Секој пат го подготвувам на мој стандарден начин со бешамел, ама овој пат ставив млечна павлака за готвење и пармезан. Малку побрз начин за подготовка, ама исто вкусен.

Подготовка
1. Кромидот секан на ситни коцкички го ставаме на масло да се застакли, па го додавам и лукчето исто ситно насечкано.
2. Откако се упржиле, го додавам меленото месо. При крај на пржењето додавам зачини и месото го залевам со блендирани домати пелати.
3. Оставам да крчкаат на тивко додека да подиспари течноста од доматите. Филот ни е подготвен и го распоредуваме на дното од тавата.
4. Врз филот редиме листови кори за лазањи, повторно распоредуваме од филот, па посипуваме млечна павлака и на крајот рендаме кашкавал и пармезан. Така редум додека да се потрошат состојките.
5. На последната кора ставаме само млечна павлака, насекаде по корите и обилно рендаме кашкавал или моцарела.
6. Лазањите ги печеме поклопени во загреана рерна на 200 степени, околу 20 минути, па го отвораме капакот да се запечат малку одозгора.

Забелешка
Користам лазањи кои се веднаш спремни за готвење, односно не ги варам во вода.
Печењето зависи од рерната, така да внимавајте да не ги пресушите и препечете.
Овој пат ги правев во делимано четвртастата тава и ми излегоа малку потенки, инаку кога ги правам во моето правоаголно огноотпорно тавче, ми излегуваат повисоки. Таква е дозата, па вие секој со своите тави, потреби и желби.