Јалапено хамбургер
Состојки
- 500 гр брашно
- 1 сув квасец
- 250 мл вода
- 50 мл екстра маслиново масло
- 1 кафена лажица сол
- 1/2 кафена лажица шеќер
- 1 жолчка
- сусам по потреба
- За плескавици
- 500 гр мелено јунешко месо
- 1 главица кромид
- 1 чили пиперка
- 1 кафена лажица јалапено сос
- 1/2 китка магданос
- 1 јајце
- 2 лажици лебни трошки
- сол, црн бибер и др зачини по потреба
- Уште ќе ви требаат и
- 3 средни компири
- јалапено сос по потреба
- 150 гр кашкавал
- зелена салата по потреба
- кисели краставички по потреба
Подготовка
Подготовка
Од наведените состојки замесете тесто и оставете го да се дуплира. Потоа направете топчиња, премачкајте ги со жолчка и ставете им сусам.
-Ставете ги во тава за печење и печите на 200 степени околу 20 минути.
Плескавици
Во длабок сад ставете го ситно сецканиот кромид, сецканата чили пиперка, јалапено сосот, јајцето, лебните трошки, зачините и магданосот. Добро промешајте и формирајте плескавици.
-Печите ги на решетка во рерна на 220 степени околу 30 мин. Под решетката ставете тава. ( Снајди се, па живеј )
Пред да ги извадите од рерна, одозгора ставете им по малку кашкавал, може и по малку путер за подобар вкус.
Компирите исечите ги како за помфрит, ставете ги во тава за печење со маслиново масло, малку јалапено сос, зачини по желба. Ако сакате компирите да бидат меки, додадете вода.
Лепчињата пресечите ги на половина, внатре ставете зелена салата, јалапено сос, плескавица, кисели краставички, пак малку јалапено сос, зелена салата и одозгора лепчето.
-Компирите сервирајте ги во чинија со хамбургерот.
На здравје