Испечати

Чурос со арома на тиква

Чурос со арома на тиква

Состојки

  • 240гр брашно
  • 1лажиче цимет
  • 1/2лажиче ѓумбир во прав
  • 1/2лажиче морско оревче
  • 1 ванила
  • 1/4лажиче сол
  • 180гр варена, доообро исцедена тиква
  • 360мл млеко
  • 140гр путер
  • 4 јајца
  • Масло, чоколадо, мармалад од шипки...
  • кристал шеќер , цимет

Подготовка

Во еден сад ги соединуваме сувите состојки
Во тенџере ставете ги тиквата, млекото, путерот, солта и ванилата и оставете да зоврие.

Во зовриената смеса додадете го брашното со зачини и варете, мешајќи постојано, додека тестото не почне да се одделува од садот.
Пренесете го добиеното тесто во сад за матење и добро измешајте со миксер само малку да се излади.
Додадете ги јајцата во тестото, едно по едно, но од кога смесата ќе го впие убаво претходното јајце.
Пренесете го тестото во кесе со додаток во форма на звезда, или во шприц за колачи
Загрејте го маслото на умерен, никако јак оган, а потоа ставајте од тестото во маслото и со помош на нож одделете ги парчињата тесто со големината што ја сакате.
Пржете го тестото додека не порумени од сите страни околу 3-4 минути.
Испржените чуроси ставете ги врз хартиени салфети за да се исцедат од вишок на масло и веднаш извалкајте ги во шеќер измешан со цимет.
Послужете ги
Ние ги јадевме со растопено чоколадо и мармалад од шипки.