Хинкали со мелено месо и тиква
Состојки
- За тесто
- 1 кг брашно
- 1 лажиче сол
- 1 лажиче зејтин
- За фил
- 700 гр мелено говедско месо
- 1 тиква
- 2 главици кромид
- по 1 лажиче сол, црн пипер, зачини
- 1 китка магдонос
Подготовка
Хинкали – грузиски кнедли, создадени во грузиските планински области Пшави. Од таму хинкалите се прошириле во разни варијанти во различни делови на Кавказ. Полнењето на хинкалите варира во зависност од подрачјето. Оригиналниот рецепт, се состоел само од исечкано месо (јагнешко или говедско помешано со свинско), кромид, пиперки, готварска сол и кумин. Меѓутоа, современиот рецепт кој главно се користи во грузиските градови, користи зачини како што се магдоносот и коријандерот. Во муслиманските области се користи скоро исклучиво говедско и овчко. Наместо месо може да се користи сирење, печурки или компир.
Хинкалите се јадат без додаток или со толчен црн пипер. Месото со кое се полнат е сирово, така што кога ќе се замота соковите од месото остануваат во кнедлата. За да бидат посочни обично на меленото месо му се додава топла вода или супа. По правило, при првото каснување на хинкалито се вшмукува сокот за подоцна да не дојде до прскање. Врвот каде што се спојуваат наборите е жилав и не е наменет да се јаде, туку се враќа во чинијата за да може да се види колку изеле.
Постои широко распространет начин на однесување во Грузија и според него овие кнедли се јадат со раце, користење на прибор за јадење, како виљушка, се смета за непристојно.
За тесто
Во просеано брашно додајте сол и зејтин, ставете топла вода и замесете тесто.
За фил
Тиквата и кромидот исечете ги на мали коцки, додајте ги во меленото месо. Магдоносот исто ситно исечете, подсолете, додајте црн пипер, сув зеленчук. За да биде месо посочно додајте 100 мл млака вода.
Тесто рассукајте, сечете со чаша големи кругови, во круг ставете фил и викајте по кругот. Од горе опавче исечете со ножичка, не цело само крајче.
Во тенџере ставете вода да зоврие.
Во зовриена вода ставете 1 лажица сол, и 1 лажица зејтин, 1 лавров лист.
Хинкалите ставете ги во врела вода, мешајте со дрвена лажица да не се залепат. Оставете да повријат 15 минути.
Извадете ги со цеделка. Сервирајте во чинија.
Добар апетит!