Испечати

Лисната славска погача

Лисната славска погача

Состојки

  • 1кг брашно
  • 1 коцка квасец
  • 1 кафено лажиче сол
  • 1 кафено лажиче шеќер
  • 100 гр маргарин
  • 50 гр сусам
  • 1 јајце
  • 500 мл Вода млака

Подготовка

Навистина превкусна лисната погача за која не треба многу време, труд и пари.
Оваа погача јас ја направив за нашата куќна слава Архангел Михаил.
Најпрво квасецот го раствораме со малку сол и шеќер во чаша со млака вода ( ова ми е останато од баба ми на времето таа секогаш така правеше со квасецот кога месеше леб) потоа го додаваме во садот со брашно, во кој претходно сме ги додале шеќерот и солта и месиме средно јако тесто.
Го покриваме со кујнска прекривка и оставаме да надојде убаво тесто.
Откако е готово, правиме неколку еднакви топки тесто и секоја ја расукуваме во големина колку една плитка чинија за ручање.
Секоја така добиена кора ја премачкуваме со маргарина и ги ставаме една на друга, освен на последната не мачкаме маргарин.
Повторно ги покриваме со кујнска прекривка и оставаме уште 30на минути да се растопи убаво маграринот.
Рассукуваме убава голема кора и ја виткаме како ролат.
Потоа сечеме еднакви парчиња и ги редеме скалесто на претходно намрсено тавче, јас ја користам прекрасната тава од Делимано.
Уште 10на минути ја оставаме да стаса, ја премачкуваме со изматено јајце, наросуваме сусам семки што имате и печеме околу 30-35 минути додека не зарумени убаво.
Откако е печена ја попрскуваме со малку вода, ја покриваме да се олади и спремна е за јадење.