Испечати

Турски погачици со мелено месо-Kiymali pide

Турски погачици со мелено месо-Kiymali pide

Состојки

  • тесто
  • 20гр свеж квасец
  • 1/2лажиче шеќер
  • 1/2лажиче сол
  • 1лажица маслиново масло
  • 150мл млако млеко
  • 70мл вода
  • околу 330 гр брашно
  • полнење
  • 10-15 листови свеж спанаќ,
  • 3-4лажици кајмак
  • мелено месо
  • 200гр мелено месо
  • 1/2 главица сецкан кромид
  • 1/2 сецкан морков
  • 1 мал домат
  • 1лажиче оригано
  • сол, бибер, магдонос, масло

Подготовка

Прекрасен, прекрасен појадок имавме денес.
Ако сакатае наречете ги турски, полнети лепињи, турско пиде, затворени панцероти.....било како.
Пробајте ги, се надевам дека ќе бидете воодушевени.

Прво во млакото млеко го ставаме квасецот, шеќерот и лажиче брашно.
Промешуваме и оставаме да се активира.
Потоа во вангличка ги соединуваме квасецот, сол, маслиново малсо, водата.
Со вилушка промешуваме.
Додаваме брашно, замесуваме тесто намеко.
Го покриваме и оставаме да се дуплира.
Потоа го делиме на 6-8 топчиња, во зависност колку сакаме да ни се големки.
Ги расукуваме со големина на мало тајнирче и ги редиме на чист чаршав.
Ги покриваме со прозирна фолија за да не се исушат.
Јас прво си го подготвив полнењето и потоа многу брзо ми беа готови.
На загреано масло го пржиме ситно сецканиот кромид, па морков,па месото, па рендан домат.
Зачинуваме и пржиме додека не испари течноста.
Сега на секое расукано кориче ставаме по 1 лажица од филот со мелено месо, врз него ставаме ситно сецкан спанаќ, и по 1 лажица кајмак.
Преклопуваме и со помош на вилушка ги стегаме краевите за да не се отвори при пржењето.
Загреваме тава на умерен оган и ставаме 2,3 капки масло.
Ги пржиме погачиците додека не заруменат од двете страни.
Ги сервираме топли и уживаме во богатиот вкус.

Од тестото може да формирате пиде, да нанесете фил и да ги печите во загреана рерна
Мене лично, вака ми се повкусни