Испечати

Печени тиквички со мелено месо и јајца

Печени тиквички со мелено месо и јајца

Состојки

  • 400 гр јунешко мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 30 мл масло
  • 1 кафена лажица путер
  • 1 лажица црвен пипер
  • 1/2 кафена лажица мешан сув зачин
  • 2 тиквички
  • 1 зелена лута пиперка
  • 800 мл вода
  • 1 коцка за супа
  • 2 јајца

Подготовка

Подготовка

Во сад на оган ставете ги маслото, путерот, сецканиот кромид, меленото јунешко месо. Пржите на тивок оган 7 минути. При крајот, додадете црвен пипер и малку зачин.

Тиквичките излупете ги и исечите ги на кругови.

Пола од тиквичките наредете ги во тава за печење, одозгора распоредете го меленото месо и сецканата пиперка и врз нив другата половина од тиквичките.

Во сад на оган ставете ја водата со коцката за супа. Кога ќе зоврие, додадете ја во тавата.

Печите на 200 степени додека да изврие водата, а потоа разматете ги јајцата и додадете ги во тавата. Вратете во рерна уште неколку минути и ручекот ви е готов!

Добар апетит