Испечати

Пита/пица со мелено месо

Пита/пица со мелено месо

Состојки

  • Тесто
  • 100 мл топла вода
  • 100 мл јогурт
  • 100 мл масло
  • 20 г свеж квасец
  • по 1 лажичка шеќер и сол
  • околу 500 г брашно (или повеќе)
  • Зајре
  • 300 г мелено месо
  • 1 главица исечкан црвен кромид
  • 1 голем домат или доматно пире
  • по вкус сол и црн бибер и други зачини по желба
  • малку масло за запржување

Подготовка

Оваа пита/пица е поинаква од другите во тоа што изгледа како да е печена во фурна. Многу често се прашуваме зошто тестото во пицерија е поинакво од она кое го приготвуваме дома. Одговорот е - во печењето. Пиците во фурни се ставаат директно на загреана плоча, а дома ги ставаме во ладен плех па ги печеме.
За оваа пица/пита експериментирав и загреав плех во рерната. Питата ја подготвив на страна и потоа ја префрлив на загреаниот плех и веднаш печев. Затоа тестото е вакво прекрасно, магично! Готови сетови за пица ги има во продажба во комбинација на плоча и лопатка за префрлање на пицата врз плочата. Јас немам и плехот ми заврши супер работа. Рецептот е за 4 пити/пици.

Подготовка

1. Ставете го шеќерот во топла вода, додадете квасец и почекајте да се раствори.

2. Додадете масло, јогурт, сол и полека додадете го брашното. Замесете меко тесто нелепливо тесто. По потреба додадете уште брашно.

3. Оставете го тестото најмалку 2 часа да нарастува.

4. Во меѓувреме подгответе го филот.

5. Запржете го кромидот, додадете го меленото месо и динстајте околу десет минути.

6. Излупете го доматот и ситно исецкајте го на коцки и додадете го на месото. Посолете и ставете црн бибер. Ако немате домат, ставете доматно пире, и така е убаво.

7. По 2 часа, вклучете ја рерната на 250 степени и започнете ја

подготовката. Плочата или плехот на кој ќе печете нека седи во рерната.

8. Поделете го тестото на 4 топчиња, работете на набрашнета површина, тестото треба да може лесно да се одделува од работната површина,

истегнете ја секоја топка како пица со тоа што краевите ќе бидат повисоки.

9. Ставете од зајрето.

10.Префрлете го внимателно тестото врз загреаната плоча или плех, ќе ви треба кујнска лопатка за да го подигнете тестото и да го префрлите и ставете да се печи околу 10 минути додека не почнат краевите да поруменуваат.

По желба може да ставите јајце одозгора, да наредите свеж домат и пиперка, превкусно е.
На здравје!