Испечати

Мус торта од портокали

Мус торта од портокали

Состојки

  • За пандишпанот
  • 4 јајца
  • 4 лажици брашно
  • 4 лажици шеќер
  • 1 лажица прашок за пециво
  • За желето од портокал
  • 100 мл. вода
  • 5 гр. желатин
  • прстофат портокалова прехрамбена боја
  • 1 лажичка арома од портокал
  • За мусот од портокал
  • 145 гр. шеќер
  • 65 гр. белки
  • прстофат сол
  • 25 мл. вода
  • 100 мл. цеден сок од портокал
  • 300 мл. слатка павлака
  • 1 рендана кора од портокал
  • 7 гр. желатин

Подготовка

Подготовка на пандишпанот
Јајцата и шеќерот матете ги со миксер додека смесата не стане пенеста, потоа додадете ги брашното, прашокот за пециво и аромата од портокал и размешајте ја смесата со спатола со кружни движења од горе па надолу внимателно додека не стане хомогена. Сместата префрлете ја во тава за печење обложена со хартија за печење со дијаметар од 28 см. Печете во загреана рерна на 170 степени околу 20 минути.
Подготовка на мусот од портокали
Најпрво во сад на тивок оган додајте ја водата и шеќер 125 гр., оставете ги така додека шеќерот не се растопи или додека сирупот не достигне температура од 121 степен. Во мегувреме во сад со миксер на средна температура матете ги белките, додајте прстофат сол и матете ги додека не станат бели. Кога сирупот од шеќер и вода ќе ја достигне температурата додајте ги во садот со белките истовремено матејќи со миксерот.
Во сад со ладна вода додајте ги листовите желатин да омекнат околу 10 минути. Во мегувреме во друг сад на оган додајте го сокот од цедениот портокал, ренданата кора од портокал и шеќер 20 гр. додека не се растопи шеќерот. Отстранете го од оганот и оставете го да излади неколку минути, а потоа додајте го на неколку пати во садот со матените белки постојано мешајќи со спатола. Слатката павлака изматете ја и додајте ја во садот со изматените белки. Во сад на оган додајте ги омекнатите листови желатин со три лажици вода додека не се растопат, а потоа додајте ги во садот со мусот, размешајте додека смесата не стане хомогена.

Во калап за торта на отварање најодоздола ставете го пандишпанот, а потоа нанесете го мусот. Оставете ја така во калапот да се лади во фрижидер 2-3 часа.

Подготовка на желето од портокал
Ставете го желатинот во ладна вода да омекне. Во сад на оган додајте ја водата и омекнатиот желатин додека не се растопи. Отстранете го од оганот и додајте ги аромата од портокал и прехрамбената боја. Оставете го да олади неколку минути и нанесете го врз ладната торта.

Вратете ја тортата повторно во фрижидер да се лади цела ноќ. Декорирајте ја по желба пред да ја послужите.
Јас ја правев во форма на срце дека беше за 15 годишнината од бракот со сопругот, а вие можете во која било форма само да ја запазете големината.