Испечати

Солена пита со тиквички

Солена пита со тиквички

Состојки

  • 1 малечка тиквичка
  • 2 јајца
  • 1 шоља јогурт
  • 1/2 шоља масло
  • 2 полни лажици кисела павлка
  • 200 гр изварка
  • 1 шоља бело брашно
  • 1 шоља пченкарно брашно
  • 1/2 кесичка прашок за печиво
  • семиња за згора

Подготовка

Одлична препорака за вечера. Питава е многу сочна и вкусна.
Прво ја рендаме тиквичката и ја оставаме околу 15 минути па ја цедиме.
Во сад со жица ги матиме јајцата, го додаваме јогуртот, маслото и киселата павлака и мешаме.
Ги додаваме брашната со печивото, изварката и тиквичката.
Смесата ја ставаме во копер лукс тава 24цм и печеме во заграена рерна на 200 степени околу 25 минути.
На здравје!