Испечати

Лазањи со мелено месо и бешамел

Лазањи со мелено месо и бешамел

Состојки

  • Состојки
  • 500 гр лазањи
  • 400 гр кашкавал
  • Сос со мелено месо
  • 600 гр мелено месо
  • 1 тегла маринирани печирки шампињони
  • 600 мл доматен сос
  • 1/2 главица кромид
  • Од зачини сол,црн пипер,оригано
  • Бешамел сос
  • 2 лажици путер
  • 1 лажица зејтин
  • 2 лажици брашно
  • 100 гр рендан пармезан
  • Од зачини црн пипер

Подготовка

Лазањите се едно од омилените оброци во мојот дом, па решив да го споделам мојот рецепт и со вас.
Најпрво го приготвуваме сосот со мелено месо.
На зејтин во тава го запржуваме ситно исечениот кромид и меленото месо. Потоа ги додаваме печурките, посолуваме, додаваме црн пипер и оригано. Кога малку ќе се запржи го додаваме доматниот сос. Да поврие неколку минути и со овој сос сме готови.
За бешамел сосот во тава ставаме 2 лажици путер и 1 лажица зејтин. Кога ќе се стопи путерот го додаваме брашното и постојано мешаме за да се запржи.(Не треба да ви потемне брашното.)Го додаваме млекото и постојано мешаме. Кога ќе почне да врие го додаваме пармезанот и додаваме и црн пипер.Кога ќе се стопи пармезанот го тргаме на страна и овој сос.
На дното на тавата ,во која ќе ги печиме лазањите, ставаме неколку лажици бешамел сос.Лазањите не варени ги редиме,ставаме од сосот со мелено месо неколку лажици,ставаме од бешамел сосот.Повторно редиме лазањи,полеваме со сосовите,ставаме малку рендан кашкавал.Постапката се повторува додека се потрошат лазањите.Значи преку еден ред ставаме и кашкавал,освен од сосовите.На најгорниот ред ставаме бешамел сос и одозгора преостанатиот рендан кашкавал.Поросуваме со оригано и ставаме да се печат на 200 степени околу 35 минути.
Најубави се домашно приготвените тестенини.Но ако не можете да ги приготвите од било која причина,убави се и купечките,како што се и во мојот рецепт.
Доматниот сос можете да го приготвите и сами.Неколку домати излупени ги блендираме и ги ставаме на оган да повријат неколку минути.Им додаваме само малку шеќер,околу половина лажичка.Ако не можете да го приготвите доматниот сос,секаде може да се купи веќе приготвен како доматен сок или доматна паста.Ако употребуваме доматна паста секако ќе и додадете вода за да ја разредите и да добиете доматен сок.
На крај ви посакувам пријатен ручек.