Испечати

Интегрални – ржани прженици за појадок Тарт со праз од интегрално тесто( 2 верзии)

Интегрални – ржани прженици за појадок Тарт со праз од интегрално тесто( 2 верзии)

Состојки

  • 200мл топло млеко
  • 130 мл кисела вода
  • 150гр кисело млеко
  • 1 јајце
  • 1лажиче сол
  • 1лажиче шеќер, 20 гр свеж квасец
  • околу 600 гр брашно- кај мене 400 гр ржано, и 200 гр бело брашно

Подготовка

Во сад го ставаме топлото млеко, шеќер, квасец и лажиче брашно.
Промешуваме и оставаме да се активира.
Потоа го додаваме јајцето, солтта, киселата вода и киселото млеко.
Промешуваме, па додаваме од двата вида на брашно.
Замесуваме мазно тесто.
Го покриваме и оставаме да се дуплира.
Втасаното тесто го делиме на два дела.
Јас од првиот дел исучив кора, со дебелина од 5 мм.
Сечев на четвртасти парчиња, кои ги наредив на послужавник.
Покриени, оставив да одморат 20 минути.
Потоа загреав масло на умерена температура.
Ставаме едно по едно парче да се пржат.
За време на пржењето сами се накреваат и се полнат со воздух.
Ги превртуваме од другата страна и ги допржуваме.
Ги редиме на хартиени салфети, па ги сервираме со сирење, јогурт...

А од втората половина на тесто направив еден тарт со праз.
Втасаното тесто го расучив во округла кора, која ја поставив во плех , кој претходно го премачкав со малку путер.
Врз тестото ставив фил од испржен праз, со додаток на урда и јајце., и зачини.
Покрив онака , за визуелен ефект со 5-6 ленти од тестото.
Печев на 180 с околу 30 минути.
И двете верзии беа прекрасни, секоја си носеше своја убавина.