Испечати

Бомбици со чоко флипс топчиња

Бомбици со чоко флипс топчиња

Состојки

  • 200 мл слатка павлака
  • 150 гр лешници
  • 200 гр бисквити
  • 1 портокал (сокот)
  • 100 гр квалитетно црно чоколадо
  • 25 чоко флипс топчиња
  • За увалкување мелени лешници и бисквити по потреба

Подготовка

Брзи, превкусни...

Подготовка
Во длабок сад изматете ја слатката павлака.

Додадете ги мелените бисквити, блендираните лешници, сокот од портокал и чоколадото на ситни парченца. Добро промешајте.

Земајте од смесата по една лажица, внатре ставете чоко флипс топче и формирајте бомбици.

Валкајте ги во мелени лешници и бисквити или нешто друго по ваша желба.

На здравје