Испечати

Торта Радост (јубилеен 100 ти рецепт)

Торта Радост (јубилеен 100 ти рецепт)

Состојки

  • За тесто
  • 3 јајца
  • 6 лажици шеќер
  • 2 лажици кокосово масло
  • 1 лажица мелени бадеми
  • 6 лажици брашно
  • 1 пециво
  • За фил
  • За фил
  • 300 мл млеко
  • 2 лажици путер
  • 3 лажици густин
  • 200 гр квалитетно бело чоколадо
  • 50 гр ореви
  • 50 гр желе бонбони
  • 50 гр киндер чоколатца
  • 100 гр црно чоколадо
  • 1 кафена лажица путер
  • 200 мл слатка павлака

Подготовка

Го одбележувам мојот 100ти рецепт. Огромна благодарност до Мои рецепти, искрено многу се радувам што постои оваа прекрасна страна. Овде се здобив со многу нови знаења!
Од срце се заблагодарувам на активните членови за прекрасната дружба и одвоеното време за моите рецепти.

Подготовка
Во длабок сад изматете ги белките во цврст снег, па додадете го постепено и шеќерот. Матете додека да се растопи шеќерот, а потоа постепено додадете ги и жолчките и кокосовото масло.

Просеаното брашно со пециво, заедно со мелените бадеми додадете ги во смесата и изматете кратко.

Оваа смеса е за 3 пандишпани. Тавата е со дијаметар 17,7 см.

Печите на 200 степени околу 10 минути.

Во сад на тивок оган ставете ги млекото, путерот и шеќерот.
Густинот измешајте го со малку млеко, да нема грутчиња и додадете го кај млекото.
Мешајте енергично додека да добиете густ крем. Тргнете го садот од оган и додадете го белото чоколадо. Промешајте убаво да се растопи. Оставете го да се излади
Филот поделете го на два дела, во едниот дел ставете киндер чоколатца, а во другиот дел ставете сецкани желе бонбони и ореви.

Чоколадото растопете го со путерот и премачкајте ги пандишпаните од двете страни.

Следен чекор е филување на тортата
Пандишпан-фил-пандишпан-фил-пандишпан

Слатката павлака изматете ја и нанесете ја на тортата и убаво измазнете.

Декорирајте по желба.

На здравје!