Испечати

Кисела салата (зимница )

Кисела салата (зимница )

Состојки

  • 2кг зелка
  • 2кг корнишони
  • 2кг моркови
  • 2кг карфиол
  • 2кг зелени палиџани
  • Прелив
  • 1,500 литар оцет
  • 1 литар зејтин
  • 1/2кг шеќер
  • 2паковки бибер во зрно

Подготовка

Зимниците како составен дел од нашата кујна.
Нема некој кој не сака кисела салата на зима.
Како јас велам времето само си кажува што треба да се јаде.
Затоа јас како и сите вие приготвувам кисела салата.
Салата ја правиме како традиција,од колено на колено.
Секој си дополнува со нешто по негов вкус, но јас ќе ја напишам точно така,основен рецепт.
Зелката ќе ја издробите на поситно.
Краставичките ги миете убаво, јас ги оставам малку да постојат во вода, а потоа ги плакнам убаво, па ги сечкам на тркалца.
Морковите ги лупам и нив ги сечам на тркалца.
Карфиолот го искинав на мали китчиња и го измив добро.
Користев голем сад каде ги помешав сите состојки.
Постапката ја повторив и со зелените домати, ги оставив да стојат во вода,а потоа ги секов на осминки.
Вака мешаната салата ја попарив со течноста и ја оставив да стои 24 часа.
После 24 часа ја собрав во тегли.
Не користев конзерванси и слични прашаци.

Збор два за течноста што ја прелив
Сите состојки, шеќер, масло,оцет,ги зоврев па ја полеав салатата.

Нека е на здравје.