Испечати

Вертикално потпечени макарони со јогурт

Вертикално потпечени макарони со јогурт

Состојки

  • 500гр (1 паковање) Макарони
  • Фил
  • 300гр Сирење (или урда)
  • 4 Јајца
  • малку Јогурт

Подготовка

Со причина печените макарони се едно од најомилените јадења насекаде низ светот. Овој рецепт е еден од оние кои моето семејство најмногу ги сака. Кога немате многу време за брз и вкусен ручек, еве еден предлог од мене. Се надевам дека и вие ќе уживате.

Подготовка -
Најпрво ги вариме макароните во зовриена вода со сол и зејтин, кога ќе бидат прикрај ги цедиме од водата.
- Ги редиме во тава исправени една до друга, врз нив го ставаме филот со помош на лажица насекаде рамномерно.
- Печеме на 250 степени до заруменување.
- Послужете со кечап, мајонез...или по ваш вкус.

Забелешка - Калапот кој го користев е број 24. За да ви биде лесно редењето на макароните навалете го калапот накосо со помош на некој сад...ако не сакате да бидат така наредени, тогаш едноставно промешајте го филот во макароните и ставете ги да се печат.