Испечати

Шкотско ќофте во пире

Шкотско ќофте во пире

Состојки

  • За подготовка на меленото месо
  • 500 гр мешано мелено месо
  • 2 лажици лебни трошки
  • 2 лажици млеко
  • 2 лажици јогурт
  • 1/4 лажичка лук во гранули
  • 1 лажичка буковец
  • 1/2 лажичка сол
  • 1/2 лажичка мешан сув зачин
  • 1/2 лажичка бибер
  • 1 мал кромид
  • Дополнително
  • 7 јајца
  • 200 гр жолто сирење или кашкавал
  • 600 гр компир
  • 150 мл млеко
  • сол по вкус
  • 2 лажици путер

Подготовка

Комплетен ручек во една тава...

1. Меленото месо заедно со лебните трошки и зачините го ставаме во еден сад. Во него рендаме и мала главица кромид. Ја соединуваме смесата и ја оставаме да отстои околу 1-2 часа.
2. Јајцата ги вариме, ги ладиме па ги лупиме.
3. Компирите ги вариме, ги лупиме додека се топли, ги пасираме и им додаваме млеко, сол и путер. Додаваме рендан кашкавал или жолто сирење па пирето го распоредуваме на намрсена тава.
5. Земаме од меленото месо, расплескуваме и во средина ставаме варено јајце, го затвораме јајцето од сите страни со мелено месо.
6. Сите јајца обвиткани со месо ги распоредуваме врз пирето од компири.
7. Печеме во рерна на 180 степени со вклучен вентилатор околу 25 минути или додека да се испече месото.
8. Откако ќе се испечат ќофтињата, го вадиме тавчето и на секое ќофте додаваме рендано жолто сирење или кашкавал. Може и да ја вратиме тавата накратко во рерна за да се растопи сирењето.

Забелешка
Меленото месо е најдобро да отстои заедно со зачините, ама ако сакате побрза подготовка, спремајте си го веднаш.
Ако имате компирови снегулки за подготовка на пире, можете и такво пире да направите, само смеса дека треба погусто да ви биде.