Испечати

Тригон тортиљи со мелено месо

Тригон тортиљи со мелено месо

Состојки

  • 6 парчиња големи тортиљи
  • 0,5 кг мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 1 лажица мешан сув зачин
  • 1/2 лажиче пимент
  • 1 лажиче оригано
  • 1 чаша доматно пире
  • 3 лажици брашно
  • 3 лажици вода

Подготовка

Во тава на малку масло испржете го кратко кромидот ситно исечкан, па додадете го меленото месо. Откако ќе се испржи, додадете ги зачините и доматното пире. Пржете додека се спои, но остани сочно.

Во едно филџанче ставете го брашното со водата и измешајте да добиете мазна и густа маса, како лепило. Зависно колку ги полните лажиците, можеби ќе треба евентуално додавање на вода, многу малку.

Тортиљите сечете ги на половина.
Секое парче премачкајте го на рабовите со масата за лепење, во едната половина ставете по 2 лажици од филот со месо, преклопете и со раце убаво притиснете на рабовите да се залепат.

Пржете ги во поголема количина на масло загреано на умерена температура по отприлика 2 минути од страна, да добијат златна или кој сака покрцкави и потемна боја, па одложете ги испржени на чинија обложена со хартиена салвета за да се впие вишокот на мрснотија.

Служете ги топли, иако и ладни не се ништо помалку добри.

*Пржени имаат прекрасен шмек на вкусот. Но, доколку не сакате пржено, слободно можи да ги испечите и во рерна.
**По желба можи да ги послужите со некој сос, кечап, мајонез. Кај нас немаше потреба од никаков додаток. Испарија веднаш, едвај успеав да сликнам нешто набрзина : )
***Доколку ви се многу сите за едно пржење, слободно можи да ги замрзните веќе завитканите тригони тортиљи и да ги пржите во друга прилика, претходно одмрзнати.