Испечати

Ванила, меки бухтли, полнети со мармалад од аронија

Ванила, меки бухтли, полнети со мармалад од аронија

Состојки

  • 30гр свеж квасец
  • 2-3лажици шеќер
  • 1/4лажиче сол
  • 1 јajце
  • 230мл топло млеко
  • 2 ванили
  • 500гр брашно
  • 3-4 лажици мармалад од аронија
  • 50гр растопен путер за премачкување
  • Шеќер во прав по потреба

Подготовка

Во топлото млеко ставаме едно лажиче шеќер, го додаваме квасецот и лажиче брашно,
Промешуваме и оставаме да се активира.
Потоа во вангличка ги соединуваме активираниот квасец, сол, ванилите, јајце,остатокот на шеќер и промешуваме.
Постепено додаваме брашно и замесуваме мазно, понамеко замесено тесто.
Го покриваме и оставаме да се дуплира.
Потоа го делиме втасаното тесто на 12 топчиња.
Секое топче го расукуваме во мало кориче.
Во средината ставаме по 1 мало лажиче мармалад од аронија и пак формираме топче.
Дното на садот каде ќе печиме го премачкуваме со растопен путер.
На ист начин ги подготвуваме сите бухтли.
Одозгора ги премачкуваме со растопениот путер.
Оставаме на топло да одстојат 30 минути.
Ги печиме во загреана рерна на 180 с околу 30 минути.
Малку нека подизладат, па ги наросуваме со шеќер во прав и ги послужуваме.