Ајварски пиперки со оцет
Состојки
- 6кг Пиперки (ајварски, капија)
- по потреба Оцет, сол, лук, магдонос
Подготовка
Највкусната салата за во зимските денови
Подготовка
- Најпрво пиперките ги миеме, печеме, лупиме, семето го чистиме и ги полеваме со оцет, колку да ги прекрие. Ги оставаме да одстојат во оцетот околу 4-5 часа.
- Потоа ги цедиме во цедалка од оцетот и ги пржиме кратко во загреан зејтин.
- Веднаш ги редиме во теглите на следниот начин: ставаме неколку пиперки, посолуваме, ставаме лук и магдонос, редиме втор ред и се така додека ја наполниме теглата.
- Наполнетите тегли со пиперки ги дополнуваме со зејтин до горе (од истиот зејтин во кој ги пржевме пиперките). Ако се случи да не ви стаса зејтин, додадете директно од шишето.
- Ги затвораме убаво теглите и уживаме во престојното зимо со нивниот вкус.
Забелешка - од оваа доза се добиваат 4 тегли.
На здравје!