Чорба од тиква

Состојки
- 300гр Тиква
- 100гр Праз
- 150гр Морков
- 1 главица Кромид
- 100гр Целер
- 1 чешне Лук
- По желба Сол, Бибер, Мајчина душица или Нане, Ѓумбир или други зачини
Подготовка
Сите состојки се сецкаат покрупно и се ставаат во тенџере да се пропржат со малку масло. 
Потоа се додава вода колку да се покрие зеленчукот и се остава се убаво да се свари. 
Откако ќе се свари се блендира се убаво и се додаваат зачините. 
Се сервира со кубети и малку маслинов зејтин.